мај 18, 2026

Американскиот претприемач и милијардер Илон Маск денеска објави подготвеност да биде домаќин на изборната дебата на кандидатите за претседател на САД, која се очекува да се одржи меѓу сегашниот и поранешниот американски претседател Џозеф Бајден и Доналд Трамп, со учество на независниот кандидат Роберт Кенеди Џуниор.

„Се разбира“, напиша Маск на својот профил на социјалната мрежа X, одговарајќи на прашањето на Кенеди дали тој ќе биде домаќин на дебатата.

Маск рече и дека смета оти во предизборните дебати треба да учествува независниот претседателски кандидат на изборите во САД, Роберт Кенеди Џуниор.


The post Маск подготвен да биде домаќин на изборната дебата на претседателските кандидати во САД appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK