мај 18, 2026

Непознати лица испишале текст на албански јазик со навреди и го исшараа монументот кој се наоѓа на кејот во Гостивар. Претходно на срцето беше исцртано македонското знаме и делови од словенската азбука, како чин за одбележување на 24 Мај – денот на писменоста.

Гостиварци од утрово по социјалните мрежи го осудуваат овој чин.
Ова не е постапка со која се отсликува соживотот на гостиварчани, зошто сите ние- македонци, албанци, турци, роми. Сме растеле заедно, сме се почитувале и сме ги негувале различностите. Ова може да го направи само оној што не израснал со овие вредности, напиша Ема Мешковска, советник во општинскиот совет и еден од иницијаторите да се одбележи денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Во полиција настанот не е пријавен, а доколку биде, како што наведоа од СВР Тетово, ќе бидат превземени соодветни мерки.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK