мај 18, 2026

Царински службеници на влез на Меѓународен аеродром Скопје спречија влез на 1,7 тони медикаменти, Силденафил Цитат Упс и Сибутрамин, коишто се штетни по здравјето на граѓаните. Лековите не се регистрирани во Агенција за лекови, а фирмата увозник немала ниту дозвола за промет на големо со медицински средства односно не е впишана во регистарот на правни лица за вршење на ваков вид дејност, соопшти Царинската управа.

По вештачењето е утврдено дека медикаментите Сибутрамин е супстанца која се наоѓа на Националните листи на контролирани опојни дроги и психотропни супстанци и истата претставува стимуланс на централниот нервен систем. Утврдено дека истата предизвикува појава на срцеви и мозочни удари, поради што медикаментите коишто содржат сибутрамин се забранети за продажба од страна на ЕУ од 2010 година. Медикаментите Силденафил Цитат Упс (виагра) пак претставува супстанца која влегува во состав на медикаменти за лекување и истата подлежи на контролирана продажба, наведуваат од Царинската управа.
Случајот е преземен од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, а против правното лице ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.
Сподели ја веста:

Извор

Previous article
Излезеноста до 17 часот на седумте избирачки места каде што се прегласува е 45,88 отсто

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK