мај 18, 2026

Згодниот син на Ричард Гир го залуде светот откога се појави во јавноста. Познатиот актер на Канскиот филмски фестивал пристигна со својот најстар син, 24-годишниот Хомер, и со сопругата, публицистот Алехандра Силва.

Таткото и синот носеа речиси идентични смокинг-костум, а помладиот Гир ги привлече сите погледи со својот изглед. Ричард го доби Хомер во 2000 година со поранешната сопруга Кери Лоуел. Двојката се венча во 2002 година по неколку години врска и се разведе во 2016 година.

Ѕвездата на филмот „Згодна жена“ со Алехандра има уште два сина, Александар (5) и тригодишно момче, чие име сѐ уште не е јавно објавено. Силва го има и синот Алберт Фридланд, кој го доби со поранешниот сопруг Говинда Фридланд.

The post Заборавете на Ричард Гир, сега неговиот син мами воздишки во целиот свет appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK