мај 18, 2026

Москва ќе одговори со удари врз британски цели доколку Украина го искористи британското оружје за удар врз руска територија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Британски цели „на територијата на Украина и надвор од нејзините граници“ може да бидат погодени во такво сценарио, рече Захарова.
Таа го повтори предупредувањето на Москва, што беше издадено претходно овој месец, откако британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон рече дека Украина има право да користи британско оружје за да напаѓа цели во Русија.
Русија реагираше со огорченост на изјавата и ја наведе како една од причините поради која одлучила да одржи вежби овој месец за симулирање на лансирање на тактичко нуклеарни ракети.
Марија Захарова изјави и дека Москва не гради воени сојузи или блокови, вклучително и со Кина.
Сподели ја веста:

Извор

Previous article
Реакции во Србија по усвојувањето на Резолуцијта за геноцид во Сребреница
Next article
Полната месечина во Стрелец носи големи промени за три хороскопски знаци

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK