мај 18, 2026

До пукањето дошло откако две ривалски екипи се сретнале во кафулето за да се обидат да ги „закопаат секирите“ и да го смират конфликтот меѓу нив, но дошло до расправија која прераснала во вооружен судир

Вечерва во кафуле во Истанбул имало пукање во кое има мртви и ранети.

Како што јавуваат турските медиуми, загинале три лица, а петмина се ранети.

До пукањето дошло откако две ривалски екипи се сретнале во кафулето за да се обидат да ги „закопаат секирите“ и да го смират конфликтот меѓу нив, но дошло до расправија која прераснала во вооружен судир.

Престрелката се случила во Истанбул во областа Ускудар.

„Расправа меѓу две групи во кафеана на улицата ‘Ајазма’ околу 20 часот прерасна во вооружена пресметка. Три лица загинаа, а петмината се повредени од кои двајца потешко“,

соопшти Кабинетот на гувернерот на Истанбул.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK