мај 18, 2026


Кошаркарите на Далас ја совладаа Минесота со 109:108 и поведоа со 2:0 во финалето на плејофот на Западната конференција на НБА.

Решавачкиот кош го постигна Лука Дончиќ. Дончиќ го заврши натпреварот со 32 поени, 10 скока и 13 асистенции за петти трипл-дабл учинок во плеј-офот оваа сезона.

Најважното нешто е што го реши мечот на три секунди пред крајот на натпреварот. При резултат 106:108, во моментите кога го чуваше Руди Гобер, се ослободи шутна и погоди за победа.

Заедно со Дончиќ, Мавс до победа ги предводеше Ирвинг. Благодарение на одличниот последен период од игра стигна до учинок од 20 коша на кои додаде и шест асистенции.

На овој натпревар не блескаа бековите на Минесота. Ентони Едвардс постигна 21, но со само 5/17 од поле, а Карл-Ентони Таунс 15 поени, со уште послаби 4/16.

Серијата сега се сели во Далас, каде ќе се играат следните два натпревари.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK