мај 18, 2026

Венсан Компани во наредниот период би можел да стане тренер на Баерн Минхен, а британските медиуми пренесуваат дека тој веќе ги насочил првите засилувања за Баварците.

Белгиецот изгледа се поизвесно дека ќе го преземе тимот од Минхен следната сезона, иако испадна од Премиер лигата со Барнли. Тоа не ги спречи Баварците да му испратат понуда, а како што пишува британски „Сан“, тој веќе има една желба на списокот на засилувања.  Имено, Компани со големо задоволство би го довел асот на Манчестер Сити – Џек Грилиш.

Во Минхен се убедени дека има добри шанси за потпис со англискиот офанзивец, особено што оваа сезона ја немаше улогата што ја очекуваше, туку најмногу дојде од клупата за резерви.

Грилиш би можел донекаде да ја оживее кариерата доколку потпише за Баерн, а познато е дека Англичаните во последните години оставија добар белег во Бундеслигата.

The post Компани знае кого би го довел доколку го преземе Баерн appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK