мај 18, 2026


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ изјави денеска дека не се смета себеси за фаворит пред почетокот на Ролан Гарос каде Србинот ја почнува својата одбрана на титулата утре против Французинот Пјер-Иг Хербер.

Ѓоковиќ, кој е рекордер со 24 освоени грен слем титули, вчера загуби од Чехот Томаш Махач со 4:6, 6:0, 1:6 во полуфиналето на турнирот во Женева.

Триесетиседумгодишниот Ѓоковиќ во Париз пристигнува без ниту еден трофеј од почетокот на годината и не е преголем оптимист за успешен настап на Отвореното првенство на Франција.

„Секако дека сум загрижен … Воопшто не играм добро оваа година“, изјави Ѓоковиќ.

Одговарајќи на новинарско прашање околу шансите за одбрана на титулата на Ролан Гарос, Ѓоковиќ рече: Не се сметам себеси за фаворит таму. Имам многу да работам. Ќе одам натпревар по натпревар и ќе видам до каде можам да стигнам. Само се надевам дека ќе бидам здрав и добро подготвен за Ролан Гарос“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK