мај 18, 2026

Четири лица се повредени денеска во напад со нож во подземната железница во Лион, во источно-централниот дел на Франција, каде што е уапсен 27-годишен Мароканец, на кој му е одреден полициски притвор.

Локалното обвинителство соопшти дека повредените не се во животна опасност.

„Осомничениот од мароканска националност и 27-годишна возраст, претходно не и е познат на полицијата, но неколку пати бил хоспитализиран поради психијатриски проблеми“, соопшти полицијата.

Неименувани полициски извори за AFP изјавија дека нема елементи што би укажале дека станува збор за терористички акт.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK