мај 18, 2026

После 6 распродадени концерти во Скопје, Владо Јаневски на 10 август ќе одржи концерт на еден од дефинитивно најубавите простори во нашата држава – „Атнички театар“ – Охрид.

Музичарот и кантавтор, по пауза од неколку години се враќа во Охрид, да ни го сервира својот безвременски каталог на хитови и да ги испее познатите рефрени кои се доказ дека Владо е еден од ретките пејачи кај нас, кој живее исклучиво од и за музиката.

На концертот, кој истовремено ќе биде романтичен и еуфоричен, ќе има низа на евергрини и песни кои со генерации се пеат повеќе од 30 години, а секоја негова песна е сама по себе музичка историја.

The post Владо Јаневски во Охрид – Концерт на 10 август во „Антички театар“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK