мај 18, 2026

Екипи на ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска ја расчистија големата дива депонија лоцирана на паркингот на градските гробишта „Бутел“, во непосредна близина на последната постројка на автобусот „59“.

Во рамките на активностите се подигнати и транспортирани приближно 80 кубни метри претежно кабаст и мешан комунален отпад. Воедно, спроведено е рачно и машинско метење, како и машинско миење на паркинг-просторот со употреба на автоцистерна.

Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје апелираат да престане незаконското и несовесно одлагање отпад на јавни површини, со коешто директно се загадува животната средина и се загрозува јавното здравје.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK