мај 18, 2026

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими амбасадорката на Украина Лариса Дир, амбасадорката на Швајцарската Конфедерација, Вероник Улман и шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир.

На средбата Сиљановска Давкова изрази благодарност за поканата упатена од претседателката на Швајцарската Конфедерација, Виола Амхерд, за нејзино учество на Самитот за мир во Украина, што ќе се одржи на 15 и 16 јуни во Швајцарија.

Претседателката оцени дека претстојниот самит претставува добра можност за обезбедување платформа за дијалог за сеопфатен, праведен и траен мир во Украина.

Сиљановска Давкова ја реафирмираше македонската поддршка за Украина по неиспровоцираната и неоправдана воена агресија на Руската Федерација и повика на почитување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност во Украина во меѓународно признатите граници и територијални води.

Средба со амбасадорката Дир , амбасадорката Улман и евроамбасадорот Гир во пресрет на моето учество на Самитот за мир во Украина, на 15 и 16 јуни во Швајцарија.
Добра можност за обезбедување платформа за дијалог за сеопфатен, праведен и траен мир во Украина. pic.twitter.com/mEl8tZiNqg

— Гордана Сиљановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) May 27, 2024

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK