мај 18, 2026

Воскресна“ бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во срцето на Битола за време на празникот посветен на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, дента на 24 мај.

Живо и распеано, како ретко кога досега, поминал празникот во седиштето на сега згаснатото здружение „Клуб Иван Михајлов“ во Битола. Речиси триесетина млади хористи од Бугарија настапиле во клубот на улицата „Рузвелтова“, а меѓу гостите покрај раководството на сега згаснатиот клуб, претседателот Љупчо Георгиевски и други истакнати членови, бил и генералниот конзул на Бугарија во Битола, Николај Димитров.

Во Основниот суд во Битола тече судењето за првиот човек на клубот, Љупчо Георгиевски, кој се товари за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, или народски кажано за неговите објави на социјалните мрежи каде го величел ликот и делото на Иван Михајлов. А во објектот на клубот во Битола продолжуваат организирани настани, се чекаат гости, се празнува…
Извор Апла Мк

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK