ноември 21, 2024

Снимено е видео од мечка која упаднала во куќа во Калифорнија.

Непоканетата гостинка влегла во домот додека домаќините биле излезени, а ја забележале соседите.

Мечката е фатена на камера додека го напушта „местото на злосторството“ со докази за грабежот. Во вилиците носела кесичка со колачиња Орео, кои очигледно не сакала да ги пушти

Соседката Вина Кори за локалните медиуми изјавила дека истото животно, сега познато како „Орео“, претходно упаднало во нејзината гаража.

Тогаш украло чоколадна торта од фрижидерот, пренесува UPI.com.

The post (Видео) Мечка упадна во куќа во Калифорнија и излезе со колачиња appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK