ноември 24, 2024

37-годишен разбојник од Скопје со закана со нож и пиштол се обидел да ограби продажен објект во Карпош, но му се слошило.

– На 30.05.2024 во 17.40 часот во СВР Скопје, К.К.(52) од Скопје пријавил дека околу 16.40 часот во неговиот продажен објект на подрачје на Карпош, едно лице со закана со пиштол и нож од касата одзело пари и при обид да избега, паднало и се повредило, а тој успеал да го совлада и да повика полиција. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека станува збор за И.С.(37) од Скопје и од него биле одземени пиштолот и ножот, информираа од полицијата.

Лицето било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од полицијата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK