ноември 23, 2024



Во Основниот суд Струга денеска започна судскиот процес  против  струшкиот градоначалник Рамиз Мерко заради набавката на патничко моторно возило марка „Ауди“ од страна на Општина  Струга.

Бранителот, пред почетокот на главната расправа, достави поднесок со листа од 68 вербални и материјални докази и побара да се одложи главната расправа а судот да ги обезбеди доказите по службена должност, зашто како што рече,  тој направил обид, но без успех.

-Со доставувањето на оваа листа, одбраната ќе се обиде да ја побие тезата на јавното обвинителство дека обвинетиот сторил кривично дело воопшто,  е ставот на адвокатот на градоначалникот Мерко.

Според судијата во овој предмет, Надица Митреска, судот ќе се потруди во најкус можен рок да се обезбедат доказите потребни на одбраната.

-Рочиштето денеска се одложи бидејќи одбраната достави обемна листа на докази која судот треба да ја разгледа и да прибави одредени документи од надлежните институции на државата, и нормално, потребно е време и за обвинителство то и за судот. Судот ќе се потруди, во најкус можен рок, да се обезбедат  документите кои се потребни на одбраната. Согласно принципот на судење во разумен рок  и ефикасност на постапката очекуваме овој судски процес да заврши што е можно побрзо, но секако, со почитување на правата на одбраната, изјави судијата Митреска.

Главната судска расправа по овој предмет  се одложи за 8 јули со почеток во 13 часот.а

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK