јули 3, 2024

Од Скопската епархија, при Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, информираат дека во изминативе 6 месеци интензивно се работи на внатрешноста на храмот „Свети рамноапостолни цар Константин и царица Елена“, во центарот на Скопје: се фрескоживописува и се привршува проектот за изработка на иконостасот и подот, а останува да се изведе електриката и да се уреди просторот околу храмот.

„Фрескописот и другите потребни работи се извршуваат од донации, но за целосно довршување на храмот ќе биде потребна дополнителна помош, па се очекува да помогнат и верниците, стопанствениците, приватните бизнисмени како и сите луѓе – добронамерници.

Донатор на црквата е и Кочо Анѓушев, станува збор за лична донација како физичко лице.

Инаку, новиот храм се гради во спомен на урнатиот од земјотресот, и е во целосна сопственост на Скопската епархија, со сите подмирени долгови од порано кон изведувачот на градежните работи, кој долгот го пријави дури по неколку години“, се истакнува во напишаното.

ПР

The post (Видео) Се работи на внатрешноста на храмот „Свети рамноапостолни цар Константин и царица Елена“ во Скопје, ќе биде потребна и дополнителна помош од верниците appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK