јули 3, 2024

Две трансфер „бомби“ експлодираа доцна поладнево во Мото ГП шампионатот. Марк Маркез од наредната сезона ќе вози во фабричкиот тим на Дукати, а Хорхе Мартин реши да ја напушти прграмата на овој тим и да се пресели во Априлија.

Пред трката за Големата награда на Италија во Муџело, сите релевантни светски медиуми ја пренесоа информацијата дека возачот на Прамак Дукати, актуелниот вице првак Хорхе Мартин од наредната сезна ќе вози за Дукати заедно со светскиот првак Пеко Бањаја.

Меѓутоа ден по трката се случи пресврт. Марк Маркез ја одбил понудата на шефовите на Дукати од Гресини да се пресели во Прамак.

Наводно Маркез рекол: „Или фабричкиот тим или ништо“.

Од друга страна Мартин лут што Дукати не си го исполни ветувањето реши да ја напушти програмата на Дукати.

Тој од наредната сезона ќе стане дел од Априлија. Шпанецот ќе го заземе местото на сонародникот Алеиш Еспаргаро кој ќе ја заврши кариерата.

Значи наредната сезона во фабричкиот Дукати ќе возат Пеко Бањаја и Марк Маркез и медиумите веќе најавуваат епски дуели меѓу нив двајца. Веќе се прават споредби дека тоа ривалство може да биде како она меѓу починатиот Аиртон Сена и Алан Прост во Формула 1, кога двајцата возеа за Мекларен.

Колега на мартин во Априлија ќе му биде сонародникот Маверик Вињалес.

The post Тектонски промени во Мото ГП – Маркез во Дукати, Мартин во Априлија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK