октомври 5, 2024

Денес пред просториите на СВР Битола роднини пријатели и фанови со мирен протест бараа ослободување на Ритко, на кого моментално му е одреден 30 дневен притвор во Идризово.
Според билтенот на МВР Ритко злоупотребил лице со трајно душевно заболување, го навел да изврши полово дејствие, а чинот го снимал и го пренесувал во живо на регистриран канал на Youtube. Јавноста е со поделено мислење за ова, а дел од нив е и згрозена- но дали навистина се случило тоа или не ќе покажат истрагата и доказите.
Денес меѓу присутните беше и мајката на јутјуберот Ритко, таа јавно кажа дека нејзиниот син ни на сон не би направил таков чекор, да наведе друго лице да изврши полово дејствие. Ритко им помагаше на сите, им купуваше храна и облека вели неговата мајка.

Како што информира ОЈО, на 23 април, во својот дом во Битола, осомничениот полово злоупотребил лице со трајно душевно заболување, го навел да изврши полово дејствие, а чинот го снимал и го пренесувал во живо на регистриран канал на Youtube.

 

-Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Оценувајќи дека предлогот е оправдан и законски основан, Судот определи притвор во траење од 30 дена, соопшти ОЈО.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK