октомври 5, 2024

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски апелира до новинарите и медиумите да не даваат опис на дејствијата за тоа како се извршени кривичните дела во случајот со убиствата на младата Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски.

Апелот е имајќи предвид дека обвинителниот акт сè уште не е стапен на сила, откако ќе стапи на сила, сите медиуми, известувачи да се воздржат од коментирање на дејствијата, имајќи предвид дека се со вознемирувачка содржина, вели Коцевски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

Прашан зошто во соопштението од ОЈО Скопје од петокот за обвинителниот акт против четири лица, од една страна, се вели дека обвинетите „испланирале грабнување на 14-годишното дете Вања Ѓорчевска со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп“, но потоа не се објаснува зошто не останале на тој план, туку многу брзо по грабнувањето го убиле девојчето, Коцевски одговара дека мотивот е јасен, но дека известувањето е срочено така за да не се предизвика вознемирување кај јавноста.

Во актот, описот на дејствијата е јасно даден и основата по која се товарат обвинетите е јасно определена. Во однос на мотивот, тој е јасно наведен, а во однос на други подробности, од причините претходно изнесени, не сакам да ги коментирам бидејќи се работи за дете кое е убиено на свиреп начин, а тоа е страдање претходно, изјави државниот обвинител.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK