ноември 23, 2024

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе пристигна во Реал Мадрид како слободен играч, бидејќи неговиот договор со Пари Сен Жермен истече.

Повеќегодишната трансфер сага заврши и Французинот пристигна на „Сантијаго Бернабеу“.

Мбапе го избра и бројот што ќе го носи во Реал, кој е девет, кој е слободен по заминувањето на Карим Бензема минатата година.

Според добро информираниот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, Мбапе не го побарал бројот 10, кој го носи во текот на целата кариера. Така тој покажа голема почит кон Лука Модриќ кој останува во клубот уште една година.

Модриќ со години ја носи „десетката“ во Реал, а Мбапе ќе чека да се ослободи со заминувањето на хрватскиот играч.

Истото го направи и Кристијано Роналдо, пред многу години, кога го чекаше бројот седум, кој потоа го носеше легендарниот Раул.

The post Мбапе го избра бројот и го испочитува Модриќ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK