Кијану Ривс деновиве привлекува внимание во Париз.
Фотографите го снимија како оди со гитара на грб кон театарот La Cigale, каде што одржа концерт со бендот Dogstar.
59-годишниот Киану бил добро расположен и разговарал со некои минувачи.
Концертот го одржа на пауза од снимањето на неговиот нов филм Outcome, во кој глуми холивудска ѕвезда која е уценувана од некој со мистериозен видео клип.
Поради ова, тој мора да погледне во своето минато и да се соочи со сопствените демони.
Поради оваа улога актерот ја промени и фризурата. Откако се појавија првите фотографии од сетот, тој изненади многумина со кратка коса, додека претходно ја носеше косата до рамениците.
The post Добро расположениот Кијану Ривс го привлече вниманието на минувачите на улиците на Париз appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде