ноември 23, 2024

Во четврток на 6-ти јуни, од 18:00 часот во просторот на КСП Центар -Јадро, ќе се одржи уште една работилница од Култренинг – програмата „Припитомувајќи го дивото, дел 2“ со Тереза Лазарев.

Оваа работилница на учесниците им нуди истражување на танцот и работа преку мултидимензионални методи на кореографија и танц. Таа има за цел да ја поттикне анималноста/ животинското во нас преку отелотворување на слики, работа со допир и пишување и споделување.

Како можеме да ја ослободиме животинското, дивото во нас? Што би требале да направиме за да дозволиме нашето „животно“ да зборува?

„Ќе предложиме разни слики со кои преку имитација ќе си дозволиме да си играме, како и да се трансформираме. Преку работа со партнер ќе научиме како да следиме и водиме. Ќе работиме свесно, обрнувајќи внимание на просторот како и на луѓето околу нас. Ќе работиме сами, со партнер и во група. Ајде да дојдеме отворени, ајде да дојдеме љубопитни, ајде да си играме“ се вели во најавата за работилницата.

Тереза Лазарев е инаку танцова уметница која работи во полето на современито танц. Тереза завршува академија за современ танц под менторство на Рисима Рисимкин на универзитетот ,,Гоце Делчев” во Штип. Тереза има соработувано со кореографи како: Александра Петрушевска, Искра Шукарова, Јотам Палед, Карин Понтиц, Ивана Балабанова и други. Има настапувано на фестивали како: Holland Dance Festival во Хаг (Холандија), Share во Братислава (Словачка), Silk Road во Пекинг (Кина) и многу други. Тереза моментално живее и работи во Скопје каде држи часови за современ танц за деца.

Програмата КУЛТРЕНИНГ е дел од Интердисциплинарната програма на Локомотива која е поддржана од Министерство за култура.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK