ноември 23, 2024

Манчестер сити поднесе тужба против Премиер лигата поради, како што тврди англискиот шампион, неправедни и „дискриминаторски“ правила кои постојат само за да го намалат неговиот успех. Адвокатите на Сити поднесоа тужба од 165 страници, а рочиштето ќе започне во понеделник и ќе трае две недели.

Според англиските медиуми, тоа би можело да има огромна улога во процесот што се води против Манчестер сити поради 115 прекршувања на финансискиот фер-плеј, а расправата за тој процес започнува во ноември. Сити во својата тужба тврди дека правилата, кои биле изгласани од нивните ривали, се „тиранија на мнозинството“, а тужбата е насочена кон правилата поврзани со спонзорските договори.

Во 2021 година, откако Саудијците го презедоа Њукасл, Премиер лигата им забрани на клубовите да „пумпаат“ спонзорски договори со компании во сопственост на нивните сопственици. Според тие правила, спонзорските договори мора да бидат во нормални рамки на пазарот, а токму тоа е еден од темелите на тужбата на Премиер лигата против Сити.

Манчестер сити има четири огромни спонзорски договори со компании од Абу Даби, кои директно или индиректно се поврзани со Шеикот Мансур, сопственикот на клубот. Од 2009 до 2023 година, тие компании, тврдат од Премиер лигата, внеле огромни суми пари во клубот, кои биле претставени како спонзорски договор иако очигледно биле превисоки.

Сити смета дека Премиер лигата не треба да ги ограничува спонзорските договори, туку спонзорите треба да можат да одлучат колку ќе инвестираат во некој клуб. Сити не е единствениот клуб во лигата кој е спонзориран од сопствениците преку компании.

Њукасл на својот дрес го носи логото на саудиската компанија Села, а Челзи има огромен спонзорски договор со „Infinite Athlete“, кој е во сопственост на сопственикот на клубот Тод Боли. Сепак, Сити во моментов е единствениот клуб кој се одлучил на овој чекор.

Тајмс, кој прв ја објави приказната, пишува дека Сити во обвинението навел дека новите правила на лигата се „рестриктивни и антиконкурентни“. Покрај тоа, Сити наводно бара компензација за загубите предизвикани од воведувањето на новите правила во 2021 година.

The post Манчестер Сити ја тужи Премиер лигата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK