Новак Ѓоковиќ денеска во Париз го оперираше менискусот. Српскиот тенисер ја донесе оваа одлука со цел биде подготвен за Олимписките игри во Париз. Исто така јасно е дека Ѓоковиќ нема да учествува на Вимблдон. Според прогнозите Ѓоковиќ ќе биде отсутен три недели.
Новак, менискусто на десното колено го повреди на мечот против Франциско Серундоло на Ролан Гарос. И покрај повредата, Ѓоковиќ остана на теренот по четири часа и 39 минути голема борба го победи Аргентинецот, но ден потоа се повлече од Ролан Гарос.
Експресно донесе одлука да оди на операција кој се случи утрово во Париз, пренесува „Газета дело Спорт“.
Ова е втора операција на Ѓоковиќ во кариерата, по операцијата на лактот на почетокот на 2018 година.
Турнирот во тенис на Олимпските игри во Париз ќе започне на 27 јули.
The post Ѓоковиќ oпериран во Париз – Го пропушта Вимблдон, ОИ се под знак прашалник appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде