Американскиот пратеник Џон Роуз одржа незаборавен говор. Но, не поради тоа што го кажа, туку поради неговата придружба. Згора на тоа, сите што го гледаа неговиот говор тешко се концентрираа на она што го зборува Роуз, а причината за тоа беше она што се случуваше зад него.
Имено, Роуз го однел својот син Гај на работа. Момчето го украде целото внимание додека правеше гримаси пред камерата, а неговиот татко држеше говор за Доналд Трамп.
Сепак, ситуацијата е уште посмешна бидејќи Роуз немала поим што прави неговиот син пред камерите додека го држел својот говор.
Hilarious! Republican Representative John Rose had no idea his son was having fun making faces while he talked about Trump on the House Floor. Roll the video. You know every late night show will have this tonight. source: @cspan #laugh pic.twitter.com/L1cxBGGYH1
— Rebecca Aguilar (@RebeccaAguilar) June 3, 2024
Роуз објави клип од говорот на своите социјални мрежи.
„Ова го добивам кога му кажувам на мојот син Гај да се насмевне на камерата за неговиот помал брат“, напиша пратеникот.
The post (Видео) Американски пратеник го однел синот на работа, момчето сега е интернет ѕвезда appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде