ноември 23, 2024

Државјанин на Република Северна Македонија бил приведен по предмет на Окружното обвинителство во Ќустендил поради обид за криумчарење на 21 килограм амфетамин во Бугарија, соопштија од Обвинителството во Софија.

Со наредба на обвинител од Окружното обвинителство, 41-годишниот маж е изведен како обвинет за сторено кривично дело. Казната предвидува затвор од 10 до 20 години и парична казна од 100 до 200 илјади лева, соопштиле од тамошниот Окружен суд, пренесуваат од агенцијата „БТА“.

Македонскиот државјанин бил приведен на 3 јуни околу 19 часот и 45 минути во реонот на бугарскиот граничен премин Гуешево. Дрогата била пронајдена во возило марка „мерцедес бенц“ со скопски регистарски таблички. Во моторниот простор на возилото биле пронајдени 18 пакетчиња бела кристална материја која при теренското тестирање реагирала на амфетамин. Нејзината вкупна тежина е 21 килограм.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK