Литванскиот кошаркар Рокас Гедраитис го продолжи договорот со Црвена звезда на уште две сезони, потврдија од клубот.
Гедраитис е еден од играчите чија соработка со тимот од Белград истекуваше на крајот од сезоната, но челниците на црвено-белите решија да го задржат кошаркарот кој сезонава веќе ја освои АБА лигата и домашниот Куп.
„Рокас Гедраитис, кој во текот на сезоната на бројни натпревари, особено во финалето на плеј-офот на АБА лигата, со својата игра, борбеност, посветеност кон нашиот клуб, но и со своето однесување надвор од теренот, покажа зошто е доведен во Црвена звезда“, се вели во соопштението на клубот.
Сезонава просечно бележеше по 10 поени и 3,8 скока по натпревар во Евролигата.
The post Гедраитис го продолжи договорот со Црвена звезда appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде