ноември 23, 2024



Евроамбасадорот Дејвид Гир смета дека Преспанскиот договор, Охридскиот рамковен договор и Договорот за добрососедски односи со Република Бугарија, секој  на различен начин, имаат донесено значителни придобивки за земјава и вели дека затоа за Европската Унија е од огромно значење да се работи на целосна имплементација на трите договори.

-Преспанскиот договор за којшто се води толку жешка дебата во овој момент има донесено енормни придобивки за вашата земја. Трговијата меѓу Северна Македонија и Грција се има двојно зголемено по потпишување на Преспанскиот договор, развиена е културната соработка, а комуникацијата помеѓу народите на двете земји се има зајакнато исто како и соработката помеѓу двете земји и соработката на воено поле помеѓу војските на двете земји, рече Гир во одговор на новинарско прашање по отворањето на Европската куќа во Тетово.

Тој нагласи дека како резултат на потпишувањето на Преспанскиот договор се имаат зајакнато перцепцијата и позицијата на земјава на меѓународно ниво. Огромни придобивки, како што кажа, има и од потпишувањето на  Охридскиот рамковен договор и Договорот за добрососедски односи со Република Бугарија.

-Токму поради таа причина за ЕУ е од огромна важност да може да се надгради оваа соработка и овие достигнувања коишто се направени досега и да се работи на целосна имплементација на сите три договори коишто ќе придонесат за поскоро зачленување, всушност за забрзување на евроинтегративниот пат на вашата земја, порача Гир.

Како што рече, со нетрпение очекуваат да се формира што е можно поскоро стабилна влада којашто ќе ги преземе сите неопходни чекори за имплементација на сите реформи и зачленување на државата во Европската унија.

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK