ноември 23, 2024



Во текот на мај 2024 година на подрачјето на СВР Тетово се случиле вкупно 82 сообраќајни незгоди (Тетово-56 и Гостивар-26). Анализите на полицијата покажуваат дека истиот период минатата година биле регистрирани 102 сообраќајни незгоди што е намалување за 20%.

„Од вкупниот број сообраќајни незгоди, поголем дел – 58  (ТЕ-42 и ГВ-16) се случиле во населено место, додека 24 (ТЕ-14 и ГВ-10) се случиле на отворен пат. Со тешки телесни повреди се здобиле 8 лица (ТЕ-3 и ГВ-5), додека во истиот период лани со тешки телесни повреди се здобиле 15 лица. Во незгодите, 38 лица (ТЕ-30 и ГВ-08) се здобиле со телесни повреди, а 36 сообраќајни незгоди биле само со материјална штета.“, соопшти СВР.
Како најчеста причина за сообраќајните незгоди се појавува брзото возење, односно неприлагодената брзина според условите на патот во 31 случај, неправилно вршење на дејствие била причина за 14 од незгодите и првенство на минување во 13 сообраќајни незгоди.
Имајќи го предвид гореспоменатото и намалениот број на сообраќајни незгоди на подрачјето,  СВР Тетово апелира до возачите да продолжат да ги почитуваат сообраќајните правила, прописи и ограничувања со цел да уште повеќе да се намали бројот на сообраќајните несреќи и со тоа да придонесат за личната и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Извор

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK