Хрватската фудбалска репрезентација со големи амбиции оди на Европското првенство во Германија.
Хрватите ќе бидат во групата Б, со Шпанија, Италија и Албанија.
И покрај силните конкуренти најавуваат највисок пласман, за да го потврдат третото освоено место на СП во Катар.
Ништо не препуштаат на случајноста, па попладнево го посетија дури и папата Франциско, кој им даде благослов пред заминувањето на ЕВРО.
„На последното светско првенство бевте трети, овој пат бидете први или втори!“, им рекол Папата во неформален разговор и ги поздравил со свечен говор.
Хрватска ќе има генерална проба пред ЕП против Португалија во Лисабон на 8 јуни од 18:45 часот.
Првиот натпревар на првенството ќе го има против Шпанија во Берлин на 15 јуни од 18:00 часот.
The post Папата Франциско ја испрати Хрватска на ЕУРО appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде