Во Охрид континуирано се работи на подобрување на условите за најмладите. Деновиве заврши иградбата на ново детско игралиште во дворот на училиштето „Живко Чинго“ во село Велгошти, во делот каде што е сместена детската градинка. Игралиштето е опремено со најсовремени реквизити за забава и гумирана подлога согласно безбедносните стандарди.
Средставата за изградба на игралиштето се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Следете не, не има насекаде