ноември 24, 2024

Неколку болници во Лондон беа погодени од кибер напад што го спречи пристапот до податоците неопходни за трансфузија и ракување со крвни продукти, како и резултатите од одделот за патологија, па операциите беа откажани во три болници, а трансплантации во две.

Како што јавува Би-Би-Си, пет болници морале да ги откажат сите специјалистички кардиоваскуларни и пулмолошки прегледи, поради неможноста за пристап до податоците на британскиот јавно здравствен систем.

Болниците почнаа да испраќаат пациенти на кои им е потребна итна медицинска помош или операција во блиските медицински установи кои не беа погодени од нападот.

Раководството на трустот што управува со нападнатите болници потврди дека тие се цел на кибер напад, со што целосно се блокира пристапот до електронскиот здравствен систем, додека не се плати откуп.

Последниот успешен напад од ваков вид врз британското јавно здравство се случи во 2017 година, а тогаш не беа исплатени пари, потсетуваат британските медиуми.

Штетата за јавното здравје тогаш изнесуваше стотици милиони фунти, бидејќи беа откажани неколку стотици илјади прегледи и операции.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK