ноември 24, 2024

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го повика палестинското исламистичко движење Хамас, „чија одговорност е огромна“, да го прифати договорот за прекин на огнот предложен од неговиот американски колега Џозеф Бајден, соопшти Елисејската палата.

-Заложниците, вклучително и двајцата наши сонародници, мора конечно да бидат вратени на нивните семејства. Страдањето на Палестинците во Газа мора да заврши. Реформираната и зајакната палестинска управа мора да обезбеди управување со Газа и таа територија мора да стане составен дел на идната палестинска држава, рече Макрон во телефонскиот разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Францускиот претседател ја изрази својата посветеност на безбедноста на Израел и повтори дека „Франција е решена да придонесе за мирот и безбедноста за сите“.

На 24 мај, Макрон разговараше за овие прашања со катарскиот премиер Мохамед бин Абделрахман Ал-Тани и министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија, Египет и Јордан во Елисејската палата.

Францускиот претседател повика на „најголема воздржаност“ на границата меѓу Израел и Либан, каде што размената на оган е интензивирана во последните денови.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK