ноември 24, 2024

На израелската амбасада во Букурешт денеска е фрлен молотов коктел, без штети и жртви, а уапсен е маж со сириско потекло, кој е осомничен за нападот, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека 34-годишен маж, додека бил на безбедносен преглед, извадил молотов коктел од ранецот, го запалил и го фрлил на вратата од амбасадата, јавува Ројтерс.

АП јавува дека откако го фрлил шишето со запалив материјал, се обидел да се самозапали.

Фото: Илустрација

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK