Познатиот и наградуван шведски хип-хоп артист под псевдонимот C.Gambino е убиен во вторникот од засега на паркинг, а постојат соменвања дека нападот е поврзан со криминалното милје кое станува сѐ побруталното во оваа нордиска земја, објави шведската полицијат.
Музичарот бил застрелан најмалку двапати во очигледен намерен напад во јавна паркинг-гаража во западниот град Гетеборг, изјави портпаролот на полицијата во средата, додавајќи дека раперот бил на возраст од околу 25 години.
Портпаролот на полицијата во Гетеборг рече дека има врски меѓу уметникот и една или повеќе криминални мрежи.
„Се сомневаме дека злосторството има врски со средината на бандите“, рече тој, одбивајќи да образложи.
Полицијата соопшти дека телото на убиениот рапер го пронашле полицајците кои пристигнале на повик откако добиле информации за пукањето, а во болница е констатирана смрт. Оттаму рекоа и дека во рамки на истрагата за убиството досега се сослушани повеќе лица, но засега никој не е приведен. Полицијата одби да го открие вистинското име на раперот.
C.Gambino, кој има речиси еден милион месечни слушатели на услугата за стриминг Spotify, го чуваше својот идентитет скриен и носеше маска во јавноста, вклучително и на церемонијата на доделување музички награди Грамис во Шведска минатиот месец, каде што беше прогласен за шведски хип-хоп изведувач за 2023 година. Често го меѓаа со американскиот изведувач со псевдоним Childish Gambino.
Минатиот петок, тој објави сингл наречен „Sista Gang“, кој оттогаш е стримуван повеќе од 700.000 пати на Spotify.
Рап експертот Петер Хален изјави за новинската агенција ТТ дека C.Gambino е „еден од великаните на шведскиот хип хоп“ и додаде дека неговата смрт е „тежок удар за рап сцената во Гетеборг и цела Шведска“.
„Она што е уште потрагично е што тој неодамна се оддалечи од третирање само мрачните криминални работи, кон повеќе изразување на односите и чувствата“, рече тој.
Шведска со години наназад вложува напори да го спречи насилството поврзано со организираниот криминал. Смртоносните престрелки во десетмилионската земја се зголемија повеќе од трипати во текот на изминатата деценија за значително да ги надминат нивоата во соседните земји. Полицијата проценува дека 62.000 лица се активни или имаат врски со криминалните мрежи, а меѓу нив има многу музичари од хип-хоп сцената кои во своите изведби величат одредена банда.
Во 2021 година, друг шведски рапер, Еинар, чие вистинско име беше Нилс Гронберг, беше убиен на 19-годишна возраст. Една година претходно, Ејнар беше киднапиран и нападнат од ривалските рапери.