ноември 27, 2024

   Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција кажа дека преговорите за влада привршуваат и оти очекува утре претседателката Гордан Сиљановска Давкова да го додели мандатот за состав на нова влада.

-Преговорите се веќе завршени во одредена мера, во делот на формирање на владините ресори, преговорите се завршени и во делот на третиот ешалон, денеска истите уште еднаш треба да бидат потврдени, така што очекувам утре претседателот Сиљановска да го даде мандатот на јасно декларираното мнозинство, кое беше јасно декларирано при изборот на Гаши за претседател на Собранието, очекувам час поскоро да го поднесам составот на членови на идната влада, малку се размислуваме поради одредени верски празници кои се пред нас, Задушница и Рамазан, исто така и роденденот на ВМРО-ДПМНЕ 17 јуни, така што имаме неколку работи коишто треба да ги договориме во периодот што следи, но секако дека очекувам идната влада да биде изгласана пред крајниот рок што е дефиниран согласно закон и Устав, рече Мицкоски.
На новинарско прашање за распределба на ресорите, кажа дека не сака да зборува за имиња, туку дека наскоро денеска ќе се знаат.

Во врска со законите во делот на локалната самоуправа, доколку има миграција од локална во централна власт, Мицкоски вели дека и таму ќе се интервенира.
-Исто така коалицијата Вреди најави носење законско решение со кое ќе се интервенира во законот за локална самоуправа, при што нема повторно да ги оптоваруваме граѓаните, доколку имаме миграција од локална во извршна власт, да има повторно избори, па следната година повторно со избори, иако нас како ВМРО-ДПМНЕ тоа можеби и политички ни одговара имајќи ги предвид рејтинзите и резултатите од изборите, но мислам е одговорно кон граѓаните и кон јавноста да се однесуваме одговорно, да не трошиме дополнителни пари, во рок од девет месеци двапати, и да дозволиме ако имаме такви случаи на мигрирање на градоначалници, да интервенираме во законот и да може советите да изберат вршители на должност до редовните избори во десети месеци 2025 година, рече Мицкоски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK