Аукцијата на украдената Златна топка, која во 1986 година ја освои легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона, е прекината со одлука на Апелациониот суд во Версај.
Судот на тој начин ја прифати жалбата на двете ќерки на Марадона, кои тврдат дека Златната топка е сопственост на семејството на починатиот фудбалер и дека не може да се продаде на аукција.
Марадона ја доби Златната топка како најдобар играч на Светското првенство во Мексико во 1986 година, каде што ја предводеше Аргентина до титулата светски првак.
Речиси сите негови натпревари на тој шампионат беа легендарни, особено мечот против Англија каде што постигна еден гол, кој подоцна е наречен, „Божја рака“, а вториот откако ја издрибла цела англиска одбрана.
Тоа беше четвртфинална победа против Англија со 2:1, додека Аргентина во финалето ја победи Западна Германија со 3:2.
Марадона почина во 2020 година, а неговите наследници тврдат дека Златната топка е украдена и тврдат дека сегашниот сопственик нема право да ја продаде. Нивниот адвокат рече дека ќе побараат одземање на трофејот и дека ќе поднесат пријава за кражба.
Околу тој трофеј кружеа разни гласини. Се зборуваше дека Марадона го изгубил во игра покер или дека го продал за да ги исплати долговите. Исто така, беше кажано дека Марадона го чувал во банка во Неапол, која ја ограбиле локални криминалци во 1989 година, додека тој играл за Наполи. Наследниците на Марадона веруваат дека трофејот е украден од банката.
The post Судот ја забрани продажбата на Златната топка на Диего Марадона appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде