ноември 24, 2024



Словачкиот премиер кажа дека има сериозни здравствени последици од нападот и дека нема да се врати на работа во следните неколку недели

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска се огласи за прв пат откако беше тешко ранет во обидот за атентат пред три недели. Тој изјави дека не го мрази напаѓачот, дека му простува и дека не планира кривично да го гони.

Фицо оцени дека атентаторот е „гласник на злото и политичката омраза“ и предупреди дека „во ЕУ се чини престана да постои правото на поинакво мислење“.

Во пресрет на изборите за Европскиот парламент што се одржуваат неделава, Фицо ѝ се обрати на јавноста со снимен говор објавен на Интернет.

Словачкиот премиер кажа дека има сериозни здравствени последици од нападот и дека нема да се врати на работа во следните неколку недели.

На 15 мај во градот Хандлова, североисточно од Братислава, Фицо беше ранет во стомакот со четири куршуми додека ги поздравуваше поддржувачите. Напаѓачот веднаш бил уапсен.

Тој оцени дека бил нападнат поради неговиот проруски однос кон војната на Русија против Украина и другите кои драстично се разликуваат од гледна точка на „европскиот мејнстрим“.

Фицо минатата недела беше отпуштен од болницата во Банска Бистрица и сега се опоравува дома во Братислава.

Пред атентатот, неговата влада предизвика огромни протести со напорите за промена на регулативите за јавно информирање и беше критикувана за обидот да преземе целосна контрола врз јавната телевизија и радио. Тоа, заедно со неговите планови за измена на кривичниот законик за да се елиминира постоењето на специјален обвинител за политичка корупција, ги наведе неговите противници да заклучат дека Словачка се движи кон автократски модел на владеење.

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK