Првото издание на музичката манифестација “Скопје се лади” која ќе се одржи оваа Сабота, 8 јуни со почеток во 20.30ч на стадионот на АРМ ќе го отворат С.А.Р.С , Тајзи и Брас Брадерс.
“Скопје се Лади” е замислена како платформа за поддршка на музичари кои негуваат ист или сличен стил на музика која допира до секого. Три концерти во една вечер почнувајќи со енергичните битолчани Брас Брадерс кои изминатиов месец имаа полна агенда од настапи низ цела Македонија, и ќе бидат вистинско освежување со препознатливиот ритам на драм енд бејс и балкански звук.
На сцената ќе настапи и раперот Тајзи кој е миленик не само на младата туку и на повозрасната публика, изведувајќи ги добро познатите нумери: “Моментот”, “Така пишано е”, “Сине”, “Регетон”, “Дома си е дома” и многу други, давајќи и на публиката и акустичми верзии на некои од овие хитови.
Директно од хрватската турнеја од Сисак и Загреб во Македонија ни доаѓаат и српските изведувачи С.А.Р.С кои се добро познати со своите нумери кои се омилени меѓу македонците. “Лутка”, “Перспектива”, “Буџав Лебац” и многу други ќе се пеат до зори на спектаклот кој не очекува оваа сабота на стадионот на АРМ во градскиот парк.
Картите се уште можат да се набават по поволни цени во Купи Карти за се и на 44eventmk.
Ги oчекуваме сите македонци да се оладат со добра музика на “Скопје се Лади” на 8 јуни во 20.30 на стадионот на АРМ.
The post С.А.Р.С , Тајзи и Брас Брадерс оваа Сабота во Скопје appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде