ноември 24, 2024



Голманот на Аргентина, Емилијано Мартинез инсистира да учествува на Олимписките игри во Париз ова лето и за таа цел е подготвен да влезе во конфликт со својот англиски клуб Астон Вила.

„Секогаш ја ставав репрезентацијата на Аргентина на прво место и ако треба да се борам со мојот клуб, тоа ќе го направам“, изјави Мартинез, кој во моментов е во Мајами со аргентинската репрезентација каде ќе одигра дват пријателски натпревари пред почетокот на Копа Америка во САД (20 јуни – 14 јули).

„Најважно е Копа Америка, па Олимписките игри. Мојот сон е да освојам златен медал“, додаде аргентинскиот голман.

Фудбалскиот турнир на Олимпијадата не е натпреварување во организација на ФИФА и затоа клубовите не се обврзани да ги пуштат своите играчи.

Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 24 јули до 9 август, што е една недела пред почетокот на Премиер лигата.

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK