ноември 24, 2024

Српскиот репрезентативец Богдан Радивојевиќ и наредната сезона ќе го носи дресот на македонскиот шампион, Еурофарм Пелистер.

Десното крило одлично се снајде во Битола по преминот од ПИК Сегед и веднаш ги освои срцата на навивачите. 31-годишниот Радивојевиќ ја продолжи соработката за уште една сезона, заклучно со јули 2025 година.

Во својата богата кариера Радивојевиќ ги носеше дресовите на Партизан, Флензбург, Рајн Некар Левен и ПИК Сегед.

The post Радивојевиќ го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK