ноември 24, 2024



Набргу од денеска ќе биде составена новата реформска влада која што ќе има основна цел и задача да се занимава со реформите, да ги движи процесите напред, да не тонеме како држава и како општество во политичкото мочуриште на меѓуполитички препирки, туку да ја развиваме нашата држава, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој денеска го доби мандатот за состав на влада од претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Мицкоски не сакаше, како што кажа, да открие имиња на идните министри, потенцирајќи дека денеска почнуваат внатрепартиските и внатрекоалициските консултации околу предлозите за членови на Владата.

Тој се заблагодари на претседателката за доверениот мандат на Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и на граѓаните кои истакна дека се најзаслужни што државава ќе добие нова влада.

Ги посочи предизвиците кои ќе ги решава владата, истакнувајќи дека најголем дел од решенијата на напластените проблеми се во изборната програма „Платформа 1198“ за која што рече дека добиле поддршка од половина милион галсови и се мотивирани и имаат начин да ја спроведат.

Посочи дека новата влада ќе ги придвижи работите во економијата со реформи и силен инвестициски циклус, бидејќи граѓаните очекуваат подобрување на животниот стандард, подобрување на состојбата во здравството, образованието, земјоделството.

– Исто така, подобрување на стандардот на живот и зголемување на пензиите за пензионерите, едно од водечките ветувања кои ги имавме во кампањата. Се разбира оваа состојба која е во здравството во 21 век пациенти, за жал, да го губат својот живот чекајќи по ходниците, а хируршките сали да остануваат во состојба во која се овие денови. Учениците на први септември да добијат учебници, она кое што е важно, иако знам дека тука ќе имаме жесток и сериозен предизвик, бидејќи состојбата во Министерството за образование каде што е овој министер не само што не е почнат овој процес, туку намерно го опструира за да, ете, на први септември кога ќе почне учебната година учениците немаат учебници. Да имаме задоволни земјоделци со загарантиран откуп со повисока откупна цена, субвенции кои што навремено ќе бидат исплатени. Да имаме задоволни припадници на министерството за внатрешни работи, министерството за одбрана. Дипломатија која што во светот ќе ги брани, штити интересите на нашето семејство, на нашето македонско семејство, а  не лични интереси на поединци,  рече Мицкоски.

Истовремено, како што дополни, владеењето на правото ќе биде наша основна водилка, нешто кое што изостануваше овие седум години.

– Ние продолживме да тонеме на сите мерења и на сите релевантни рангирања. Перцепцијата за криминалот и корупцијата е огромна, граѓаните имаат револт во себе, се чувствуваат небезбедни. Тоа претставува еден од главните мотиви зошто тие ја напуштаат Македонија, покрај сите овие, би рекол, лоши услови за живот, а тоа е перцепцијата за високото ниво на криминал и корупција и тука не мислам само на политичкиот криминал и корупција иако ние како политичари сме одговорни за тоа, туку зборувам за степенот на криминалитет кој што го гледаме низ улиците на нашата Македонија, рече Мицкоски.

Убеден сум, посочи, дека во иднина ќе ја смениме реалноста, ќе ја трансформираме Македонија во успешна европска приказна, држава која што ќе биде татковина на сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност, политичка припадност или не припадност, место кое што ќе биде мотив и инспирација за оние кои што го напуштиле да се вратат назад.

Претходно, претседателката Сиљановска Давкова повикувајќи се на уставните рокови и фактот дека претседателот на Собранието Африм Гаши беше избран со 76 гласови, изрази уверување дека Мицкоски може да формира влада.

-Согласно членот 90, став 1 алинеа прва, мандатот задолжително се доделува во период по истекот на десет дена од конституирањето на Собранието и тоа на лидерот на партијата, односно лидерот на партиите што имаат мнозинство. Сведоци сме дека денеска истекува десетиот ден. Исто така, при конституирањето на Собранието претседателот на Собранието беше избран со 76 гласа „за“. Овој резултат и преговорите што се во тек ми даваат за право, основано да сметам дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има сериозна можност да формира влада, односно да освои 61 глас за својата програма и составот на владата. Затоа чест и задоволство ми е со сигурност да верувам дека чекорот што го преземам, доверувањето на мандат за состав на влада на Мицкоски е вистински правен и политички чекор, изјави претседателката Сиљановска Давкова.

Од денеска тече дваесетдневниот рок за формирање на нова Влада.

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK