По повод успешната сезона во која се освои првиот трофеј во Купот на Македонија, како и трите младински титули, РК Алкалоид одржа завршна прес-конференција пред медиумите на која ги сумира впечатоците.
Претседателот Горан Минов, тренерот Кирил Лазаров, како и капитенот Игор Ѓорѓиев имаа свој осврт на сезоната која беше оценета како успешна имајќи ги предвид постигнатите резултати, обезбедениот пласман во Европа, како и напредокот на нашите играчи во сите категории.
На настанот РК Алкалоид се раздели со двајца ракометари, тоа се голманот Виктор Василевски и Дарио Кофилоски. Клубот им посака среќа во иднина и многу успех во кариерите со врамени дресови.
Подготовките за новата сезона на Алкалоид се предвидени да стартуваат на 25 јули.
ПР
The post Целта на Алкалоид е да игра европски ракомет, Алкалоид избра потежок пат, но тоа е за доброто на Македонија appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде