октомври 5, 2024

Герет Саутгејт, селекторот на репрезентацијата на Англија, реши да изостави две имиња од списокот на играчи за ЕП 2024.

Според островските медиуми, во тимот нема да има место за дефанзивецот Хари Мегваер и за офанзивниот играч за врска Џек Грилиш. Претходно Саитгејт го тргнал од списокот и Џејмс Медисон.

Оваа одлука на селекторот е неочекувана, особено кога станува збор за Мегваер. Играчот на Манчестер јунајтед беше станадрен во националниот тим и кога играше лошо во клубот.

Според медиумите повредата на потколеницата е причината поради која Мегваер нема да оди во Германија.

Поголемо изненадување е отсуството на Џек Грилиш, од редовите на шампионот Манчестер сити.

Тој играше на пријателскиот натпревар со Босна и Херцеговина (3:0), па не се знае зошто Саутгејт решил да го остави дома.

Се верува дека Саутгејт ќе ги пречкрта и имињата на Кертис Џонс, Џерел Кванза, Џарад Брентвејт, и Џејмс Трафорд до утре, кога треба да го достави конечноиот список.

Инаку, Англија е во групата Ц со Србија, Данска и Словенија.

The post Англија без Мегваер и Грилиш на ЕУРО 2024 appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK