октомври 5, 2024

На 06.06.2024 во 02.00 часот на автопатот А1, во близина на село Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода Б.К.(43) од село Злеово, радовишко.

Околу 01.30 часот на регионалниот пат помеѓу селата Прдејци и Смоквица, гевгелиско, тој со патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што со возилото се обидел да удри еден од нив.

Притоа, полицискиот службеник од службениот пиштол пукал во гумата на возилото и тој застанал.

Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот против Б.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK