октомври 5, 2024

Американскиот актер Ал Пачино во својата долга кариера глумеше во многу познати филмови, како што се „Лице со лузна“, „Жештина“, „Дони Браско“ и „Ирецот“, но неговата најпозната улога е веројатно онаа во култната филмска франшиза „Кум“ во која го играше Мајкл Корлеоне.

Во филмот, Мајкл Корлеоне е син на Вито Корлеоне, дон на семејството Корлеоне. Иако Мајкл првично не сакаше да има никаква врска со семејниот бизнис или да биде близок со криминалот во кој беше вклучено неговото семејство, на крајот не можеше да избега од тој живот. Набрзо станал шеф на куќата и ги презел работите откако татко му се повлече од таа функција.

Како што објави магазинот „Far Out“, играњето на оваа улога било многу предизвикувачко за Пачино и имало последици по здравјето на актерот. Во изведбата на ликовите што ги игра, Ал Пачино се потпира на неговата способност да стане тој лик.

Зборувајќи за своето искуство, Пачино ја издвоил сцената од првиот филм во ресторанот каде Мајкл убива двајца мажи. Актерот искоментирал „Тоа ме полуде“, пренесува „Far Out“. Сепак, неговата улога во продолжението имаше уште посилно влијание врз неговото здравје.

„Кум II ме однесе во болница. Тоа беше поради карактерот, неговата осаменост. Не можев да бидам тој човек, а потоа да се забавувам. Цело време живеев со тежината на тој лик и се чувствував како да се задушувам“, рече тој. Пачино се присетува на улогата, пренесува „Far Out“.

The post Поради една улога во култен фил од 1974 година, Ал Пачино завршил во болница appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK