октомври 6, 2024

СДСМ денеска соопшти дека Централната изборна комисија на партијата ги разгледала поднесените кандидатури за претседател на вонредните внатрепартиски избори на 30 јуни и оти е утврдена единствена листа со четворица потврдени кандидати.

-Врз основа на Статутот на СДСМ како и врз основа на Член 9 од Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор, Централната изборна комисија утврди единствена листа на потврдени кандидати за Претседател на СДСМ: Венко Филипче, Славјанка Петровска, Јован Деспотовски и Александар Бајдевски, се наведува во соопштението од СДСМ.

Оттаму посочуваат дела Комисијата констатирала дека кандидатурата на Златко Ристевски од Битола, не може да биде потврдена поради неисполнување на критериумите пропишани со Статутот и Правилникот.

Вака утврдената листа од четворица кандидати ќе биде објавена на веб страната на СДСМ заедно со програмите на кандидатите и ќе биде доставена до сите Општински изборни комисии, се вели во соопштението.

The post СДСМ: Филипче, Петровска, Деспотовски и Бајдевски потврдени кандидати за претседател на партијата appeared first on 365.com.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK