октомври 6, 2024

Две лица се префрлени со возила на Итна помош од местото на сообраќајната несреќа во населбата Ново Лисиче, сведочат за Телма, очевидци на лекарската интервенцијата.

Несреќата се случила пред неколку часа кога две возила се судриле на раскрсницата меѓу булеварите АСНОМ и Февруарски поход. Едно од возилата е целосно уништено од предната страна при директниот судар со друго возило.

На раскрсницата има и семафори веќе подолг период откако е завршено проширувањето на булеварот и и обновен коловозот.Но, иако има семафори тие никогаш не биле вклучени поради што има често незгоди на оваа раскрсница која се наоѓа веднаш до паркот на последна 5-ка и зградата на Фудбалската федерација на Македонија.

извор: newz24live

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK